ЕУ најавува програма за биоодбрана од мутациите на Ковид-19
Приоритет на блокот е справувањето со мутациите на Сарс-ков-2 за кои се потребни промени во вакцините.

Европската комисија ќе ја претстави програмата „Подготовка за биоодбрана“ чијашто цел е да се спроведат подготовки за следната здравствена криза во рамките на идната здравствена агенција ХЕРА.
Во неа се вклучени институции, фармацевтската индустрија и истражувачки организации. Приоритет на блокот е справувањето со мутациите на Сарс-ков-2 за кои се потребни промени во вакцините.
Во Јапонија денеска почна имунизацијата. Иако бројот на заразени во изминатите недели се намали, во Токио и во други префектури сѐ уште во сила е вонредна состојба. Владата не се откажува од одржувањето на Летните олимписки игри кои треба да се одржат од 23 јули до 8 август.
