ВАШИНГТОН

Трамп со заострена реторика кон Меконел

17.02.2021 11:29

Револтиран е од тоа што иако Мич Меконел гласал за негово ослободување, тој се согласил со мнзоинството демократи дека поранешниот американски лидер бил одговорен за упадот во Капитол на шести јануари.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп вербално го нападна лидерот на малцинството Републиканци во Сенатот.

Револтиран е од тоа што иако Мич Меконел гласал за негово ослободување, тој се согласил со мнзоинството демократи дека поранешниот американски лидер бил одговорен за упадот во Капитол на шести јануари.

„Мич е суров, лут и непријатен политичар и ако републиканските сенатори останат со него, тој нема да победи повторно“, изјави Трамп.

Во меѓувреме, против него е покренато ново обвинение од демократскиот конгресмен бени Томпсон којшто тврди дека поранешниот претседател, адвокатот Руди Џулијани и две екстремистички групи правеле планови да го спречат официјализирањето на победата на Бајден.