Крим и официјално станува дел од Русија

18.03.2014 12:26

Рускиот претседател Путин официјално го извести парламентот и владата за барањето на Крим да стане дел од Русија, се очекува Путин денеска да се обрати пред двата дома на парламентот.  Според конечните резултати од референдумот, 96, 77 насто од граѓаните гласале за припојување кон Русија.

Се спојуваме со моќната Русија, тоа предизвика добро расположение кај населението - Сергеј Миронов лидер на партија Праведна Русија

Социјалната и политичката ситуација на Крим ескалираше. Русија одзема дел од територијата на Украина. Државните институции се заробени и блокирани од страна на нелегални руски воени сили  - Андриј Парубу секретар на национална безбедност и одбрана

Меѓународната заедница не ги признава изборите.Западот и Украина сметаа дека рефереднумот е нелегален.  Се погласни се заканувањата со санкции. Американскиот претседател Обама најави поригорозни санкции доколку Русија не престане да се меша во внатрешните работи на Украина. Во меѓувреме, француските министри за одбрана и за надворешни работи ја одложија денешната посета на Москва како дел од притисокот врз Русија. Јапонскиот министер за надворешни работи изутрината ги објави санкциите против официјална Москва по признавањето на независноста на Крим.

„Жалиме што признавањето на независноста на Крим од страна на Русија се меша со интегритетот на украинскиот суверенитет и територија. Не можеме да го игнорираме рускиот обид за менување на статус кво состојбата со сила“ - Фумио Кишида, министер за надворешни работи на Јапонија

Во меѓувреме Крим ја доби првата транша од руската финансиска помош, Киев престана да го финансира Крим ,  ние мора да се снајдеме, изјавил првиот вицепремиер на КРИМ, Рустам Темиргалев, додека Украина почна со мобилизирање на воените сили.