Прилеп: Пораст на новозаразени, активниран ковид-оддел во болницата

17.02.2021 13:33

Порастот на новозаразени во Прилеп, 30-ина дневно и 34-те хоспитализирани, покрај инфективното, го активнираа ковид одделот во ушното одделение во болницата. За лекарите сѐ уште не е јасно зошто Прилеп пак се наоѓа во врвот со нови случаи, но најмногу се смета на опуштеноста и групирањето без заштита на граѓаните. Освен фамилијарни има и кластери во фирми...

Новите 198 заразени за една недела, речиси по 30-ина дневно и вкупно 34-те хоспитализирани лица, го активираа ковид- одделот во ушното одделение во прилепската болница. 70 насто од пацинтите се на кислородна поддршка, најтешко е кај повозрасните со коморбидитети.

Сѐ уште е непознато зошто Прилеп пак е во врвот со новозаразени. Не е пресуден новиот „британски сој“ констатиран во градот, иако брзо се шири. Најмногу поради опуштеноста, групирањата во затворен простор. Симптоматологијата е иста.

Сѐ уште не се знае кога ќе биде во функција модуларната болница со капацитет од 30-ина кревети.

Преку 400 прилепски здрвствени работници се пријавија за вакцинација. Од Здравствениот дом чекаат упатства по почетокот на имунизацијата во Скопје.

 

Елизабета Митреска