Николовски: Антикорупционерите добиваат нови простории и софтвер
Антикорупциската комисија доби пари за реновирање на просториите и за набавка на нов софтвер...

Три ката од најдобрите простории со кои располага државата ги добиваат антикорупционерите. Решававме наследен проблем за да работи комисијата во одлични услови, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски.
Антикорупциска доби средства за реновирање и за новиот софтвер. Политичката волја на власта навистина да се справи со корупцијата е очигледна, вели Николовски. Владата веќе го овластила министерот за правда за формирање работна група за измени во законот од 2019-ти, а се работи и во насока на донесување Закон за потекло на имотот.
Дека власта е посветена на оваа битка, додаде Николовски, е доказ и акцијата на Царинската управа со МВР и инспекторатот во која е запленет тутун во лист од видот Вирџинија, без декларација за потекло со што бил оштетен буџетот за 4,7 милиони евра. Директорот на управата Сугарески, посочи дека се работи за тутун што правно лице од Гевгелија гo пуштило во промет на незаконски начин без да плати акциза и тоа од декември 2017 и во текот на цела 2018 година година.
Директорот на управата Сугарески, посочи дека се преземале активности и на зелените пазари каде цвета бизнисот со нелегален тутун и биле изречени соодветни казни – 11 платни налози.
Фиљана Кока
