Платформата за родова еднаквост бара до 8-ми март да се расчисти случајот „Јавна соба“

17.02.2021 13:57

МВР уверува дека активно работи на случајот „Јавна соба“. Завршено било вештачењето на комјутерите и телефоните. Платформата за родова еднаквост најави нов марш за „будење“ на институциите и побара кривичен прогон на сите инволвирани...

Бараме конкретни резултати за случајот „Јавна соба“ до 8-ми март, во спротивно ќе протестираме, порачаа од Платформа за родова еднаквост. Според нив, работите не се помрднуваат од место. Активистите бараат од Министерството за внатрешни работи кривичен прогон на сите инволвирани во „Јавна соба“ и прочистување во редовите на полицијата, на полицајците кои не се ажурни. За 8-ми март најавија марш.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека завршило вештачењето на компјутерите и телефоните на лицата приведени за овој случај. Се постапува и сите материјали се испраќаат до Обвинителството.

Од Министерството за внатрешни додаваат дека по наредба на Јавното обвинителство било постапено и биле приведени две лица во врска со минатогодишниот случај „Јавна соба“, и ним им е одредена мерка притвор од 30 дена.

 

Ана Јосифоска Тодоровска