Нови 347 случаи со Ковид-19, починати седум лица

17.02.2021 17:26

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.

Во последните 24 часа се направени 2.383 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1.

Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 168 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 4 пациенти од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г)  и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.

Досега во земјата се направени вкупно 492.374 тестирања на Ковид-19.