Во САД полицијата заплени повеќе од 10 милиони небезбедни заштитни маски
18.02.2021 10:06
Се проценува дека има околу 6.000 потенцијални жртви на измама во 12 американски држави.

Повеќе од десет милиони фалсификувани заштитни маски N95 заплени Федералната полиција на САД во изминатите неколку недели, што е резултат на истрагата во најмалку пет сојузни држави.
Таквите маски се продавале на болници, медицински установи и владини агенции.
Се проценува дека има околу 6.000 потенцијални жртви на измама во 12 американски држави.
Маските не доаѓаат преку редовни дистрибутери, туку доаѓаат надвор од вообичаениот синџир на снабдување, изјавија официјални лица, додавајќи дека многу болници, поради недостиг, се повеќе ги заобиколуваат вообичаените процедури за купување.
