Регион

СПЦ бира нов патријарх

18.02.2021 11:19

СПЦ информира дека присуството на медиумите на настанот не е предвидено и дека по завршувањето на седницата ќе биде издадено официјално соопштение...

Српската православна црква ја почнува постапката за избор на 46-от поглавар по смртта на патријархот Иринеј кој почина од последици на Ковид- 19. СПЦ информира дека присуството на медиумите на настанот не е предвидено и дека по завршувањето на седницата ќе биде издадено официјално соопштение.

Седницата на саборот, наместо во зградата на патријаршијата како што беше случај досега, се одржува во криптата на храмот Свети Сава на Врачар во Белград. Причината за промена на локацијата за состанокот не беше официјално објавена.