Турски „Пурпласт“ ќе инвестира над 12 милиони евра и ќе отвори 200 работни места

18.02.2021 11:53

„Пурпласт“ е децениски успешен семеен бизнис од областа на автомобилската индустрија кој извезува во 36 земји. Изградбата на фабриката во ТИРЗ Скопје 2 е во финална фаза, технологијата е веќе донесена, а производството се очекува да почне за помалку од два месеца.

Повеќе од 12 милиони евра ќе инвестира турската компанија „Пурпласт“ која отвора фабрика во ТИРЗ Скопје 2. Првата фаза од инвестицијата, вредна 5,1 милион евра, предвидува вработувања на 40 – 50 лица со почетна плата од 21.000 денари. Повеќето вработени, околу 90 проценти, ќе бидат со средна стручна спрема, а останите 10 отсто со високо образование.

„Пурпласт“ е децениски успешен семеен бизнис од областа на автомобилската индустрија кој извезува во 36 земји. Изградбата на фабриката во ТИРЗ Скопје 2 е во финална фаза, технологијата е веќе донесена, а производството се очекува да почне за помалку од два месеца.

Според Договорот, државата на „Пурпласт“ ѝ дава 2,5 хектари земјиште по субвенционирана цена, 2,5 милиони евра помош од кои 500.000 готовина и околу два милиона евра царински и даночни ослободувања.

За 2022-ра година е планирано воспоставување Центар за истражување и развој во „Пурпласт“ што значи дека производите кои тука ќе се создаваат ќе имаат потенцијал за додадена вредност. Вкупната инвестиција, пак, треба да се реализира заклучно со 2026-та година.

Фабриката ќе почне со работа пред мај годинава, а официјалното отворање ќе биде во текот на летото.