Строгите мерки во Англија го ограничија ширењето на Ковид-19
Прелиминарните резултати покажуваат дека едно од 196 лица биле позитивни на коронавирус меѓу 4 и 13 февруари.

Бројот на инфекции од коронавирус во Англија се намали за две третини во периодот меѓу средината на јануари и средината на февруари, покажува новата студија на Лондонскиот империјал колеџ.
Прелиминарните резултати покажуваат дека едно од 196 лица биле позитивни на коронавирус меѓу 4 и 13 февруари. Повеќе од 85.400 волонтери во Англија учествуваа во истражувањето. Претходното истражување спроведено меѓу 6 и 22 јануари покажа дека позитивните случаи се 1,57 отсто (или едно од 63 лица).
Бидејќи падот на инфекциите е сличен кај сите возрасни групи, се чини дека блокадата, а не вакцинацијата, е причина за намалувањето, и според експертите, наодите укажуваат на тоа дека рестриктивните мерки во Англија помогнале да се намали ширењето на коронавирусот.
