Ќе се отпишуваат каматите на долговите направени до ноември 2020-та
Ќе се отпишуваат каматите на долговите на граѓаните направени до ноември 2020 година, а обврска на граѓаните е да ја платат главнината на долгот. Законското решение се подготвува, вицепремиерот Битиќи верува дека нема да има злоупотреби...

Се подготвува законското решение за отписот на каматите на долговите. Вицепремиерот за економски прашања Битиќи посочува дека право на отпис ќе имаат граѓаните со неплатени сметки над три месеци, заклучно со 20 ноември 2020 година. Дециден е дека законот ќе ги елиминира можностите за манипулација. Само целосната исплата на долгот ќе значи бришење на каматите.
Повисоките плати се можност за навремено сервисирање на долговите, вели првиот човек на ТИРЗ, Деспотовски. Информира дека во првата фаза се планираат нови 40 вработувања во турски „Пурпласт“ во Индустриската зона Скопје 2. Инвестицијата е вредна над 5 милиони евра. Договорот за државна помош е околу 2,5 милиони евра. поголемиот дел ослободување од административни давачки и комуналии.
Плановите на компанијата предвидуваат за пет години да бидат инвестирани над 12 милиони евра. Менаџментот вели дека пандемијата донела многу предизвици.
Турската компанија ќе произведува пластични делови за ентериер за автобуси и автомобили. „Пурпласт“ планира и отворање на Центар за истражување и развој.
Дијана Ценевска
