Ќучук на средби во Собранието

18.02.2021 12:33

Оствари одвоени средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи на парламентарните партии.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук, кој престојува во земјава во пресрет на усвојувањето на Резолуцијата на eвропарламентот за извештаите на Европската комисија за земјава, за 2019 и 2020 година, на разговори во законодавниот дом.

Оствари одвоени средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи на парламентарните партии.

„Интерес на Бугарија е Македонија да биде дел од Европската унија, но мора да се обнови нарушениот дијалог меѓу двете земји, при што за историјата треба да расправаат историчарите, а за политиката политичарите“, порача вчера бугарскиот европратеник на средбите со државниот врв.