Голем интерес на здравствените работници за вакцинација
Околу 200 медицински лица од Охрид побараа да бидат вакцинирани со првата пратка на фајзеровата вакцина. Медицинските лица кои се први по приоритет ќе бидат повикувани за вакцинација во Скопје...

Околу 200 медицински лица од Охрид побараа да бидат вакцинирани со првата пратка на фајзеровата вакцина. Медицинските лица кои се први по приоритет ќе бидат повикувани за вакцинација во Скопје, вакцината нема да се дистибуира по градови во внатрешноста, поради посебните услови за нејзино чување.
„Заради начинот специфичен за чување вакцината на -70 степени тие ќе бидат таму во Скопје, бидејки таму има такви фрижидери и пред сѐ ќе бидат вакцинирани медицинските лица во ковид- центрите“, вели Ајсел Зејноска, дирекотр на Здравствен дом Охрид.
Здравствените домови во регионот се подготвени за вакцинација против корона вирусот со кинеските вакцини, кои се очекува да пристигнат во март. Направен е протокол за имунизација, засебен објект, служба редари и посебна патека,а формирани се и засебни вакцинални тимови.
„Вакцинирањето ќе го обавуваат тимови состaвени од доктор и медицинска сестра. Такви тимови се формирани 4 кои ќe работат со ротација во смена од 8 до 15 часот. Доколку има поголеми количини на вакцини има подготвеност да се работи и во две смени за да се одговори на потребите“, додава Зејноска.
За вакцинација пријавени се и стотина здравствени работници од Струга и триесет медицински лица од Вевчани, кои се очекува да се вакцинираат во првата фаза на имунизација.
Соња Рилковска
