Нови 373 случаи со Ковид-19, починати осум лица

18.02.2021 14:54

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.

Во последните 24 часа се направени 2.345 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 155, Прилеп – 47, Кавадарци – 23, Охрид – 22, Куманово – 20, Тетово – 17, Струга – 10, Битола – 9, Велес, Струмица и Берово – по 7, Штип, Крива Паланка и Делчево – по 6, Неготино – 5, Дебар и Валандово – по 4, Гостивар, Кочани, Ресен, Пробиштип и Кратово - по 3, Гевгелија – 2 и Кичево – 1.

Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се 309 оздравени пациенти, а пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се 5 пациенти од Скопје (94г, 81г, 79г, 78г и 76г) и по еден пациент од Куманово (66г), Гостивар (61г) и Прилеп (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.174, бројката на оздравени пациенти е 88.778, на починати е 3.018, а бројот на активни случаи изнесува 6.378.

Досега во земјата се направени вкупно 494.719 тестирања на Ковид-19.