Образованието и стопанството во соработка за стручен кадар

18.02.2021 16:08

Средните стручни училишта се подготвени да ги пратат учениците на практична настава во компаниите, Стопанската комора апелира до нив да ги отворат вратите зашто со практична настава, поддршка на профилите кои се бараат се обезбедува развој на стопанството и вработување на младите стручни кадри. Министерството за образование спроведува проект и засилено ќе ги поддржи потребните кадри преку стручното образование...

Бравари, електричари, електроничари, управувачи со ЦНЦ-машини. Со години се истите занимања кои ги бара стиопанството, земјаќи ги предвид современите профили. Практичната настава во компаниите е пресудна за развој на средното стручно образование, за задоволување на барањата на пазарот на трудот, вработување на младите и развојот на стопанството. Стручните училишта во Прилепско- пелагонискиот регион им подаваат рака на компаниите, а Стопанската комора апелира до нив.

Министерството за образование ја продолжува кампањата за поддршка на практичната настава преку социјален дијалог со училиштата и компаниите. Ќе ги стимулира учениците со повеќе стипендии и ќе ги објави конкурсите за профилите кои се бараат за наредната учебна година.

Проектот на министерството е со поддршка на швајцарската амбасада.

 

Елизабета Митреска