Земјава го презема претседавањето со ЦЕФТА

19.02.2021 10:02

Клучни цели на претседавањето со Централно европската зона се заздравување на економијата по пандемијата со Ковид-19, раст на регионалната трговија, заедничко привлекување странски инвестиции и подобар живот на граѓаните...

Министерот за економија Крешник Бектеши и евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ги презентираат приоритетните активности на македонското претседателство со ЦЕФТА.

Клучни цели на претседавањето со Централно европската зона се заздравување на економијата по пандемијата со Ковид-19, раст на регионалната трговија, заедничко привлекување странски инвестиции и подобар живот на граѓаните.

Преку ЦЕФТА ќе биде ставен фокус на градењето заеднички регионален пазар, како инструмент за зголемување на конкурентноста на Западниот Балкан.