Фаланга 2
Адвокатите тврдат-ништо не е незаконито
12.11.2013 23:30
Клучниот сведок на обвинителството не знаел од кој период датираат или дали се артефакти, предметите кои што ги набавувал и препродавал. Призна дека тој самиот купил бронзена плоча за 150, а ја продал за 2000 евра . Три метални фигури купил по цена од 450, а ги продал за 1000 евра. Потоа три фигури во вид на глава по 150 евра, а ги продал секоја по 1000 евра, и 2 стаклени чаши од кои заработил 2400 евра. Во прво време му ги давале под залог, а потоа кога видел дека има интерес за нив почнал да ги продава.
Клучниот сведок на обвинителството не знаел од кој период датираат или дали се артефакти, предметите кои што ги набавувал и препродавал. Призна дека тој самиот купил бронзена плоча за 150, а ја продал за 2000 евра . Три метални фигури купил по цена од 450, а ги продал за 1000 евра. Потоа три фигури во вид на глава по 150 евра, а ги продал секоја по 1000 евра, и 2 стаклени чаши од кои заработил 2400 евра. Во прво време му ги давале под залог, а потоа кога видел дека има интерес за нив почнал да ги продава. Сведокот на обвинителството внесе дополнителна конфузија откако посочи дека преку телевизијата дознал оти препродавањето на артефактите е незаконито.
,, Предметите што ги препродавал клучниот сведок на обивнителството главно ги проценувале оние од кои што ги купувал или тие на кои им ги продавал, Милошевски и Шекуларац , инаку двајцата обвинети во Фаланга“
Адвокатите на обвинетите приговараа на неговото сведочење. според нив било лажно, паушално , произволно. По што судот го одобри нивното барање сведокот да се соочи со обвинетите.
„Во недостаток на други материјални докази останува само овој сведок кој ако бевте присутни и сами слушнавте дека не ја зборува вистината, односно истиот ниту знае дали нешто е артефакт, ниту знае колку чини, ниту знае каде се наоѓа“, вели Звонко Давидовиќ, адвокат на обвинетите.
,, Воопшто освен од телевизија обвинетиот Паско Кузман не го познаваат, и немаат никаква поврзаност“ тврди Александар Новаковски, бранител на Паско Кузман
Одбраната посочи дека речиси сите сведоци на обвинителството всушност потврдиле дека ископувањата и другите дејствија биле со дозвола и нема ништо незаконито. Наскоро ќе бидат сослушани и загрозени сведоци, најверојатно лицата што ги спроведувале истражните дејствија.
Фиљана Кока
