68 компании за 4 дена поднеле барање за вработување млади лица

18.03.2014 13:49

Мерката опфаќа 45 илјади млади лица, од кои 20 илјади се активни баратели на работа...

Вкупно 68 компании поднеле барање за користење на поволностите за вработување млади лица до 29 години за само четири дена, соопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој денеска пред стопанствениците ги презентираше новите мерки за потикнување на вработувањата во 2014 година.

„Досега, за само четири дена, вкупно 68 компании поднеле барање за искористување на оваа поволност. Ова е системска мерка која важи за сите приватни компании во наредните две години. Очекувам континуирано да се зголемува бројот на приватни компании кои ќе вработуваат млади лица и ќе ја користат оваа поволност“, изјави министерот Спасов.

Мерката опфаќа 45 илјади млади лица, од кои 20 илјади се активни баратели на работа.