Ќе се чистат 86 диви депонии во источниот и североисточниот регион
По повеќе од една деценија планирање и изработка на студии, почна реализацијата проектите пред изградба на регионалната депонија за источниот и североисточниот регион во село Мечкуевци, светиниколско. Во рок од три години треба да биде изградена депонијата каде отпадот од 18 општини ќе се третира по европски стандарди...

86 диви депонии во источниот и североисточниот регион наскоро ќе бидат исчистени, а целосно ќе се затворат депониите во Кратово, Крива Паланка, Виница, Берово, Македонска Каменица и Пробиштип.
Општините од двата региони се опремуваат со околу 4.000 контејнери и соодветни возила, но важно е граѓаните да вршат примарна селекција на отпадот.
Во фаза на формирање е меѓурегионално јавно претпријатие за управување со отпад со седиште во Свети Николе. Градежните работи ќе стартуваат во втората половина од годината.
Оваа регионална депонија ќе биде првата каде отпадот ќе се третира по европски стандарди. Се гради со грант од ЕУ вреден над 35 милиони евра. Вакви системи за управување со отпад се планираат и во останатите шест региони во државата.
Славица Величковска
