Слатинското езеро обраснато со вегетација, го полнат дождови

19.02.2021 12:24

Наместо туристичка атракција во Дебрца, до скоро беше мочуриште обрасннато со бујна вегетација. Последните дождови и снег го поднаполнија езерото, но водата се испушта од браната, бидејќи мора да се исчистат обраснатите врби.

Слатинското езеро со години зјае празно. Наместо туристичка атракција во Дебрца, до скоро беше мочуриште обрасннато со бујна вегетација. Последните дождови и снег го поднаполнија езерото, но водата се испушта од браната, бидејќи мора да се исчистат обраснатите врби.

После еколошката катастрофа во февруари 2013-та година, во 2018-та се изврши санација на браната, но проблемот остана нерешен.

„Ургентно треба да се изврши чистење на дното на езерото, беа преземени обврски од страна на Водостопанство дека ќе се среди, но за жал до овој период такво чистење не се изврши, сега нормално атмосферските влијанија си го направија своето, водата надојде реку Мраморечка река“, вели Зоран Ногачески, градоначалник на оппштина Дебрца.

Планот на локалната самоуправа со години е да се уреди и просторот околу Слатинското езеро. Покрај за риболов езерото може да биде атрактивно и за равој на туризмот, одмор и рекреација во живописната природа.

„Поставивме туристички содржини околу Слатинското езеро. Ако сакаме да го развиваме тој туристички потенцијал да го разваме туризмот на Слатинско езеро, нормално дека треба да се исчиси езерото“ , додава Ногачески.

Точно пред седум години земјено насипната брана на Слатинското Езеро, изградена во 1963 година, пукна поради што се испразни целото езеро. Вештачкиот воден ресурс, богат со над 20 автохтони видови риба, остана целосно без вода, со што беше уништена целокупната флора и фауна. Денес коритото на езерото е целосно обраснато со трска, повремено го полнат обилните дождови и надојдените реки.

 

Соња Рилковска