Заев: Изборниот закон да се донесе со консензус
Премиерот Заев смета дека изборниот закон треба да се носи со консензус, бидејќи тоа е поголема сигурност за граѓаните и поголема храброст за имплементација на законските решенија. Заев вели дека мора да се прави консензус за важни прашања, бидејќи тоа ја штити и демократијата. Го повтори ставот на СДСМ- државата да биде една изборна единица.

Двете најголеми партии во земјава, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ почнуваат преговори за измени на Изборниот законик.
Премиерот Заев смета дека изборниот закон треба да се носи со консензус, бидејќи тоа е поголема сигурност за граѓаните и поголема храброст за имплементација на законските решенија. Заев вели дека мора да се прави консензус за важни прашања, бидејќи тоа ја штити и демократијата. Го повтори ставот на СДСМ- државата да биде една изборна единица.
„Остануваме комплетно посветени со консензус да се донесе изборното законодавство, рече Заев повторувајќи дека во оваа легислатива е важно да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, да се продолжи со реформите во демократизацијата на државата, а внатре да бидат вклопени и ставовите на опозицијата“, изјави премиерот Заев.
Од ВМРО- ДПМНЕ засега не ја коментираат средбата со владејачката СДСМ. Велат дека дополнително ќе ги информираат медиумите за текот на разговорите и за стовите на партијата.
