Давутоглу: Меѓународната заедница не успеа во тестот за Сирија

18.03.2014 14:02

Меѓународната заедница не успеа во тестот за Сирија, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

- Ако сириската криза продолжи на тој начин, најверојатно тоа ќе стане најцрната страница од историјата на 21-от век, рече Давутоглу, додавајќи дека Турција направила се што е неопходно во однос на Сирија од политички аспект и од гледна точка на доставување хуманитарна помош.

- Најболен факт е дека над 2,5 милиони Сиријци во самата Сирија немаат основни средства за живот како леб и вода, рече шефот на турската дипломатија.

Според Давутоглу, Турција досега примила околу 700 илјади бегалци од Сирија.