Скопје

Почна реконструкцијата на кејот покрај ГТЦ

19.02.2021 13:37

За четири месеци кејот на главниот град ќе добие нов лик. Ќе се стави во фунција на граѓаните и нема да има повеќе паркирање на шеталиштето. За потребите на објектите ќе биде дозволен влез само за конкретни автомобили во одреден временски интервали во текот на денот. Почнаа градежните работи на проект вреден речиси 1,5 милиони евра. Ќе се срушат и летните тераси на угостителските објекти на кејот, а на сметка на тоа ќе добијат проширување на нивните зимски тераси и нивниот изглед ќе биде унифициран...

За четири месеци кејот на главниот град ќе добие нов лик. Нема да има повеќе паркирање на шеталиштето. За потребите на објектите ќе биде дозволен влез само за конкретни автомобили во одредени временски интервали во текот на денот. Целиот проект ќе го чини буџетот на Скопје околу 1,5 милиони евра. Ќе се уриваат и летните тераси на угостителските објекти на кејот, на сметка на тоа тие ќе добијат проширување на зимските.

По реакциите во јавноста за новите предлози за преименувања на дел од улиците во главниот град, Шилегов вели дека ниту една улица во Град Скопје во моментот не е преименувана.

Реагираа од опозицијата, не се согласуваат и се отфрлаат предлозите за нови имиња на улици во главниот град. Според нив не може улици да добиваат имиња според странски претседатели, а да се игнорираат македонските.

Од ВМРО – ДПМНЕ прашуваат дали и со бришењето на имињата на скопските улици оваа локална власт се обидува да ја заборави македонската историја?

Ана Јосифоска- Тодоровска