Зошто е човек леворак или деснорак останува и денес една од најголемите мистерии на човечкиот род
Меѓу народот постои приказна дека левораките луѓе се покреативни и дека имаат повеќе способности за превземање нови чекори, идеи. Затоа левораките поединци кои се подложни на јавното мислење може да стекнат чувство на самоважност или пак спротивно да стекнат чувство на безвредност затоа што не се вклопуваат во мнозинството деснораки луѓе...

Што е различно кај левораките луѓе од другите. Меѓу народот постои приказна дека левораките луѓе се покреативни и дека имаат повеќе способности за превземање нови чекори, идеи. Затоа левораките поединци кои се подложни на јавното мислење може да стекнат чувство на самоважност или пак спротивно да стекнат чувство на безвредност затоа што не се вклопуваат во мнозинството деснораки луѓе, затоа што на пример менувачот на брзини во автомобилот е на десна страна, алатите исто така се прилагодени на деснораките, кваките на вратите и тн. Поимот лев или налево добил многу погрдно значење, како да е нешто погрешно, неприкладно, неисправно. Мислењата за тоа се различни. Во потрага по објаснување како функционира мозокот на левораките, научниците дошле до сознанија дека левата рака е поврзана со десната страна на мозокот. Центарот за говор и за комуникација, кај деснораките, во 95% од случаите им е сместен во левата хемисфера, а кај левораките обратно.
Научниците сметаат дека левата половина на мозокот произведува линеарни, логички информации, додека десната е одговорна за емоции и расположение. Така го објаснуваат фактот дека левораките имаат поголема веројатност да заболат од шизофренија, да имат фобии и депресии. Според одредени студии дури почесто креваат рака на себе, има три пати повеќе самоубиства, 12 пати повеќе им се јавува дислексија и пелтечење. Но имаат и свои предности. На пример 20% од математичките генијалци се левучари. Според податоците на МЕНСА –една петтина од луѓето со висока интелигенција во ова здружение се левучари. Левораките почесто може да ги интегрираат особеностите на левата и десната хемисфера, односно логичките функции со уметностите.
Еве некои интересни факти од неколку истражувања. Повеќето од левораките се мажи. Меѓу децата кои имаат коефициент на интелигенција над 130, побројни се леваците. Има два пати повеќе левораки мажи од жени. Тие се подобри спортисти особено во тенис, бокс каде иимаат значителна предност, зашто другите неможат да им ги предвидат потезите како на другите.
Тие живеат 9 години подолго од деснораките, левораките кои доживеале мозочен удар полесно и побрзо се опоравуваат. Поподложни се на нетолеранција на алкохол, па затоа имаат поголеми шанси да станат алкохоличари. Во животот стекнуваат поголемо богатство за 26% повеќе од другите. Секоја година умираат по 2500 левораки поради предмети кои се прилагодени само за деснораки. Сексуална зрелост доживууваат 5 месеци подоцна од другите.
Левораките низ историјата одиграле клучни улоги во историските настани. Легендарните војсководци како Александар Македонски, Гај Јулие Цезар, Наполеон, како и неговата жена Жозефина биле левораки. И во Библијата се споменуваат како луѓе кои непогрешиво гаѓале со камења. Во различни општествени околности и периоди се сметале за осаменици, бунтовници, или чудаци. Се смета дека 10-13 % од популацијата се левораки.
Соња Стојановска
