Заздравувањето на економијата-клучна цел на македонското претседавање со ЦЕФТА

19.02.2021 14:47

Почна македонското претседавање со ЦЕФТА. Клучна цел заздравување на регионалната економија, елиминирање на бариерите и раст на меѓусебната трговија.

Слободно движење на стоките, слободна трговија со услугите и отстранување на пречките во слободната размена се дел од приоритетите на нашето претседавање со Централноевропскиот договор за слободна трговија-ЦЕФТА. Министерот за економија Бектеши оценува-во основата на нашето претседавање е акцискиот план на заедничкиот регионален пазар за следниве четири години.

Во делот на трговијата со стоки, фокусот ќе биде ставен на заемно признавање на трговските документи и на поедноставувањето на постапките со регулативите и стандардите на Европската унија. Во однос на услугите ќе се работи на олеснување на туристичките, поштенските и финансиските услуги.

За евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, економскиот инвестициски план меѓу ЦЕФТА и Европската унија содржи и поквалитетно интегрирање на Западен Балкан, а македонското претседавање со ЦЕФТА овозможува значаен напредок во повеќе економски области.

Марија Котовска