Почнаа преговорите за измени на Изборниот законик

19.02.2021 14:58

Двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ почнаа преговори за измени на Изборниот законик. Премиерот Заев порача дека изборниот закон треба да се носи во консензус со опозицијата, бидејќи е поголема сигурноста за граѓаните и поголема храброст за имплементација на законските решенија. Опозицијата засега не открива детали за разговорите, додека евроамбасадорот Гир со порака, измените да бидат во согласност со Венецијанската комисија, а процесот да заврши доволно време пред наредните избори...

„Сакаме да постигнеме консензус за изборното законодавство со опозицијата“ - им порача премиерот Заев на политичките субјекти во земјава. Со тоа би се постигнала поголема сигурност за граѓаните и поттик кон поквалитетно спроведување.

„Остануваме комплетно посветени со консензус да се донесе изборното законодавство. Важно да се спроведат препораките на ОБСЕ/ ОДИХР, да се продолжи со реформите во демократизацијата на државата, а внатре да бидат вклопени и ставовите на опозицијата“, нагласи Заев.

СДСМ е за една изборна единица, дополни Заев. Во ВМРО-ДПМНЕ велат, станува збор за преговори кои се во почетна фаза.

„Се разговара за тоа, кој како ги гледа работите. И секако за заклучоците ќе бидете брифирани. Доколку се приближат ставовите нема да биде потребен цензус, зошто истиот ќе биде донесен во согласнот и со власта и опозицијата и така треба да функционира во нормална држава“, изјави Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ.

Дејвид Гир, европскиот дипломат во земјава, укажува на минатогодишниот извештај за земјава во која Брисел наведува- при спроведувањето на измените да се почитувааат европските препораки.

„Во извештајот се нагласи важноста за формирање на Изборен законик кој ќе биде во согласност со Венецијанската комисија. Но, многу е важно тој процес да се заврши во соодветно време пред изборите“, изјави евроамбасадорот Гир.

Во тек се иницијативите, преговорите и забелешките на помалите политчки партии кои генерално се за една изборна единица.

 

Марина Стојанова- Тонева