Кипар е против санкции за Русија
Никозија е против воведувањето на санкции за Русија, што можат да доведат до негативни последици за економиите на земјите-членки на Европската унија, изјавил кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Изјавата на Касулидис дојде за време на состанокот на Советот на ЕУ на ниво министри за надворешни работи, на кој беше најавено воведување санкции спрема „високи владини претставници на Русија, одговорни за кршењето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.