Прилеп

Заштитните маски - одговор за здравјето

19.02.2021 15:20

Во Прилеп повторно двоцифрени бројки на новозаразени, последните денови преку 40 дневно. Според лекарите, една од причините - неносење маски, групирање и неодговорно однесување. Неодговорност има и во одлагањето како отпад по употребата. Темата за заштитните маски актуелна и по една година од пандемијата...

Двоцифрените бројки на новозаразени во Прилеп предупредуваат и опоменуваат: нема опуштање ниту групирање, а заштитните маски не се украс, ниту белегзија на рацете. А битно е и каде и како ги отфрламе по употребата.

Граѓаните признаваат: една од главните причини за повторното ширење на вирусот е неносењето маски. Последното деноноќие полицијата во Пелагониско казнила 14-мина, од кои половината во Прилеп.

Прилепски „Комуналец“ има упатства за одлагање на овој отпад, ама, совеста и по една година од пандемијата не го подигнала нивото.

Граѓаните знаат како, ама, дури и опасно е, велат, да потсетиш некого на совеста. Носењето заштитни маски не треба да се доведува во прашање, ниту одлагањето по употребата.

 

Елизабета Митреска