ВМРО- ДПМНЕ почнува да ги собира граѓанските потписи за одложување на пописот

19.02.2021 15:53

Потписите ќе се собираат на плоштадите и на најфрекфентните места во сите општини. Собраните потписи ќе бидат доставени до Собранието за, како што велат во опозицијата, преку потписите да се види револтот на граѓаните.

„За вистински попис“- со ова мото од сабота опозициската ВМРО – ДПМНЕ почнува да ги собира граѓанските потписи со кои бара одложување на статистичката операција поради коронавирусот. Според објавите, потписите ќе се собираат на плоштадите и на најфрекфентните места во сите општини. Собраните потписи ќе бидат доставени до Собранието за, како што велат во опозицијата, преку потписите да се види револтот на граѓаните.

„Во наредните 20-тина, 30-тина дена и секој еден граѓанин кој што сака да ни се приклучи е добредојден, ќе не има од утре насекаде и ќе продолжиме и во наредните денови се разбира, да дојдат да се потпишат и потоа со едно мото да имаме реален потпис, и затоа го бараме потписот на граѓаните за сето ова да го измениме“, изјави Мисајловски.

Претходно пропадна обидот на ВМРО- ДПМНЕ да иницира расправа и повлекување на Законот за попис во Собранието. Спикерот Џафери им ја врати иницијативата бидејќи предлогот бил насловен без официјалното име на земјата.

Премиерот Заев, но и коалициските партнери од Владата, остануваат на ставот дека пописот мора да се одржи од 1-ви до 21-ви април и дека тоа е статистичка операција која ќе помогне на државата за следните економски стратегии, а не политички пазарења како што го претставува опозицијата.

 

Миле Ристески