Уапсени двајца шумочувари- примиле поткуп
18.03.2014 14:12
Двајцата шумочувари на жител од селото Пагаруша му барале по 100 евра, бидејќи во неговиот двор нашле дрва кои биле диво исечени...

Двајца шумочувари наместо да напишат пријава за диво исечени дрва, барале поткуп од 100 евра.
Дрвата ги откриле во дворот на жител од селото Пагаруша. За да не го пријават, му барале пари. Човекот ги одбил, но тие упорно телефонски му досадувале.
Ги пријавил в полиција од каде што му биле дадени технички обработени пари, кои подоцна, кога им ги дал, полицијата ги нашла кај осомничените.
Двајцата заработија кривична пријава за примање поткуп и по 30 дена притвор. Едниот ќе отслужува в затвор, другиот дома, во куќен притвор.
Наташа Гркова-Петрушевска
