Одреден куќен притвор за Мијалков, полицијата трага по него

22.02.2021 09:32

Мијалков во случајот „Таргет-Тврдина“ е првообвинет, а Oбвинителството во завршниот збор побара максимална казна. Пресудата за случајот е закажана за во петок...

Од вчера попладне, полицијата е во потрага по поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, откако Kривичниот суд издаде решение за куќен притвор.

Од МВР велат дека се преземаат сите мерки и активности за негово пронаоѓање. Екс разузнавачот не бил во неговиот стан во Kапиштец, ниту во куќата на Водно или во хотелот „Mериот“.

Мијалков во случајот „Таргет-Тврдина“ е првообвинет, а Oбвинителството во завршниот збор побара максимална казна.

За масовно прислушување се обвинети 12 лица. Мијалков на последното рочиште рече дека нелегалното прислушување во земјава од 2008 до 2015 година не го правеле службите во УБК.

Пресудата за случајот е закажана за во петок.