Угостителите повторно на протест
Министерот за економија Крешник Бектеши во петокот изјави дека угостителите биле доволно помогнати. Од Комисијата за заразни болести, пак сметаат дека поради постојаното менување на бројот на заразени, не можат да донесат препораки за олабавување на рестриктивните мерки.

Угостителите и денеска на протест- најавуваат дека од 15 до 17 часот повторно ќе го блокираат излезот кај Автокоманда. Бараат финансиска помош од Владата и протокол со кој ќе можат да се организираат свадби и други забави.
Министерот за економија Крешник Бектеши во петокот изјави дека угостителите биле доволно помогнати. Од Комисијата за заразни болести, пак сметаат дека поради постојаното менување на бројот на заразени, не можат да донесат препораки за олабавување на рестриктивните мерки.
Доколку не бидат повикани на средба во Владата, угостителите најавуваат продолжување на протестите и низ другите градови.
