Ќе се гради колекторски систем од Радожда до Калишта, Трпејца останува со септички јами
Пречиститување на отпадите води ќе има и во познатите туристички села и елитни населби, а езерската вода ќе биде од повисока категорија и побезбедна за туристите.

Ќе се гради колекторски систем од струшко Калишта до село Радожда. Конечно, целиот струшки брег на Охридското езеро ќе биде заштитен. Пречиститување на отпадите води ќе има и во познатите туристички села и елитни населби, а езерската вода ќе биде од повисока категорија и побезбедна за туристите.
„Владата донесе одлука да се изгради колекторски систем од Радожда до Елен Камен тоа е една благодарост од стружани и радождани, затворање на колекторскиот систем во струшко и нема да има никакви загадени води кои ќе одат во езерото“, вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.
Угостителските тераси во село Радожда, иако се косат со препораките на УНЕСКО, Мерко вели тие се основа за туристички развој и нема да се уриваат.
„Таму има 4-5 платформи кои служат за угостителските објекти и вооппшто не причинуваат проблем, батрем јас така велам, живее селото со тој бизнис“, додава Мерко.
Владата побара проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта , во насока на отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, министерствaта за животна средина и финансии да обезбедат средства и да го вклучат како приоритетен за 2021 – 2022 година.
Од друга страна, колекторскиот систем во охридско сѐ уште е нефункционален, при поголеми дождови има излевање на фекалии директно во езерото, а една од најпознатите туристички населби , селото Трпејца, останува без канализациона мрежа, со септички јами.
Соња Рилковска
