СЗО: Пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година

22.02.2021 10:10

Посочувајќи дека најлошите сценарија веќе завршија, Клуге рече дека сега има повеќе информации за вирусот отколку во 2020 година, кога за првпат почна да се шири.

Пандемијата на коронавирусот ќе заврши на почетокот на 2022 година, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација  за Европа, Ханс Клуге. Истакна дека Ковид-19 сепак, ќе доминира во општеството и во 2021 година, но ќе биде многу поконтролирано од 2020 година.

Посочувајќи дека најлошите сценарија веќе завршија, Клуге рече дека сега има повеќе информации за вирусот отколку во 2020 година, кога за првпат почна да се шири. Упати оптимистична порака дека иако вирусот ќе продолжи да постои, нема да бидат потребни ограничувања.

Во однос на појавата на варијантите на вирусот, истакна дека тоа е нормално односно дека вирусот се обидува да се прилагоди.