На ЕУ и се важни и Украина и добрите односи со Русија
Европската комисија, преку својот портпарол Пиа Аренкилде-Хансен, денеска одби да го коментира исмејувањето од страна на руската Дума и претседателот на Русија, Владимир Путин, дека може сите да ги стават на “црната листа“, но дека присоединувањето на Крим во Руската Федерација е речиси готова работа. На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролката на претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Барозо, само повтори дека Брисел бара дијалог и де-ескалација на настаните, како и дека не го признава завчерашниот референдум на Крим.

- Во четврток ќе има Самит на Европскиот совет, каде Барозо и претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј, заедно со лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе ја оценат ситуацијата во Украина. Треба да се концентрираме на она што ни значи. Па, затоа, секој може да каже што сака, но ние го преставуваме интересот на Унијата, ја штитиме Украина и градиме добри односи со Русија – рече портпаролката Аренкилде-Хансен.
Европската комисија, потврди дека во петок, претседателот на ЕС, Ван Ромпуј, заедно со Барозо и лидерите на земјите-членки ќе присуствуваат на официјалното потпишување на политичките поглавја од Договорот за асоцијација со украинскиот премиер Арсениј Јацењук.