Попис

Партиско разногласие за пребројувањето

22.02.2021 10:13

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека викендот биле собрани 45 илјади граѓански потписи, што според партијата е доказ дека се потврдија сомнежите оти власта подготвува политичка, а не статистичка операција. Премиерот Заев дециден- попис во април ќе има и тој ќе биде успешен...

Не смееме да дозволиме несериозност и во следните десет години да немаме попис. Ако сме држава којашто 20 години нема попис, тоа треба да го направиме што е можно поскоро, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја  иницијативата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на Законот за попис.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак со став - СДСМ продолжува со својата деструктивна политика против волјата на граѓаните. Истакнаа дека над 25.000 граѓани за три часа му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис. Моќна порака од граѓаните до Заев за поништување на Законот за попис, посочи Николоски.

Законот за попис беше донесен со гласовите на владејачките партии, а поддршка дадоа и пратеници од опозициската Коалиција на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Пописот ќе се спроведе од 1 до 21 април, а ќе се прибираат податоци за демографските карактеристики  на населението за становите и структурата на домаќинствата.  

 

Игор Панов