Коронавирус
ЕУ заостанува во трката со вакцинацијата
22.02.2021 10:41
На средбата на шефовите на држави и влади од земјите на Г7 во фокусот на разговорите беше и глобалната стратегија за вакцинација.

Сопственоста врз вакцините има геополитичко значење. САД, Кина и Русија се борат за влијание во светот. Само Европа нема што да понуди, се наведува во анализата на германскиот весник „Ханделсблат“.
На средбата на шефовите на држави и влади од земјите на Г7 во фокусот на разговорите беше и глобалната стратегија за вакцинација.
Весникот пишува дека Германија ќе се обиде да се справи со вакцинацијата, доколку може, но ако стапката на вакцинации ширум светот не се изедначи, постои опасност од нови мутации, против кои вакцините може да бидат помалку ефикасни.
