Снежните бури ја попречија испораката на вакцини во САД
22.02.2021 11:55
Од 14 февруари големи делови од САД се зафатени од екстремно студено време. Обилниот снег и рекордно ниските температури ги погодија Оклахома и Аркансас...

Поради снежните бури, екстремниот студ и прекинот во снабдувањето со електрична енергија во САД, затворени беа повеќе од 2.000 пунктови за вакцинација и ја пролонгираа испраката на шест милиони дози вакцини во сите 50 сојузни држави.
Од 14 февруари големи делови од САД се зафатени од екстремно студено време. Обилниот снег и рекордно ниските температури ги погодија Оклахома и Аркансас, а предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија ширум Тексас.
