Во ковид- центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 10 пациенти

22.02.2021 11:57

Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во изминатите 24 часа во ковид- центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 248 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти  и 4 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 12 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 88 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти и на ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Вкупно 248 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.