Повисоки цени на горивата од полноќ

22.02.2021 12:51

Од полноќ цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 64,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 66,00 денари. Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 55,00 денари, додека цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 44,00 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за денар, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар – одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 64,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 66,00 денари. Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 55,00 денари, додека цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 44,00 денари за литар. Цената на мазутот се зголемува за 0,417 денари за килограм и ќе изнесува 34,759 денари.

Според Регулаторна со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,28%.