Пендаровски за бегството на Мијалков: Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да почне преговори со ЕУ
Претседателот Пендаровски ги повикува сите надлежни институции, да ги преземат неопходните мерки за да биде спроведено судското решение за притвор на Мијалков...

Претседателот Пендаровски ги повикува сите надлежни институции, да ги преземат неопходните мерки за да биде спроведено судското решение за притвор на Мијалков.
„Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да почне преговори за членство во Европската унија, и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција“, потенцира шефот на државата.
Претседателот очекува надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот, и доколку бидат констатирани какви било пропусти од надлежните институции, да биде преземена одговорност.
