„Дрекслмајер“ наскоро ќе вработува над 4.000 лица

18.03.2014 15:00

Менаџментот на германската компанија е исклучително задоволен од усовите за работа во Македонија и поддршката од Владата...

Менаџерите на германската компанија „Дрекслмајер“ се задоволни од деловното опкружување во Македонија. Тие на средбата со вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак ја истакнаа позитивната бизнис клима во Макеоднија.

„Со оваа фабрика се креираа преку 3.900 работни места, а за многу брзо време бројот ќе надмине и 4.000 вработени“, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски после средбата со менаџментот на компанијата.

Менаџментот на германската компанија е исклучително задоволен од усовите за работа во Македонија

„Задоволен сум од ситуацијата тука. Задоволен сум од работниците. Се надевам дека и тие се задоволни од условите за работа. Имаме поддршка од владата, ние како компанија сме благодарни за таа помош. Она што го планиравме на почетокот, денеска е веќе реализирано“, изјави Карл Валнер, член на одборот на директори на групацијата „Дрекслмајер“.

Дрекселмајер во Кавадарци произведува кабелски инсталации за новата серија „Мерцедес Ц класа“. Компанијата во Македонија е добитник на титулата „Најдобар производствен капацитет“ во изданието на „ФДИ Магазинот“- Топ-проекти 2012 во конкуренција на над 16.000 грин-филд проекти од различни сектори низ светот.

„Каледнарот за испорака е всушност за година- година и половина побрзо реализиран отколку што се очекуваше пред скоро две години, кога и се потпиша договорот. Владата е исклучително задоволна од динамиката на оваа инвестиција“, рече министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак.