Развој на говор

Употребата на паметни уреди- можна причина за доцнење на говорот кај децата

22.02.2021 15:55

Гласноста на технологијата ги замолчува децата. Прекумерната употреба на паметните уреди, можна причина за задоцнувањето на говорот кај младите. Лекарите апелираат - зборувајте им повеќе...

Кај педесет проценти деца доцни говорот. Родителите регираат на два начина. Едните толерираат незборување до две и пол, три години. Други на година дена се веќе загрижени зошто детето не им зборува. Повеќе од дведецениското работно искуство ми дава за право да апелирам, родители зборувајте им повеќе на децата. Доктор Љиљана Којиќ, советува- да бидеме внимателни со употребата на паметните уреди.

Рзвојот на говорот почнува од 11-от месец и трае до 18-от месец. Тоа е период кога треба да се изговорат основните зборови. Доколку се помине таа возраст треба се бара стручна помош. Логопедите препорачуваат вежби за стимулација. Јулијана Секуловска која со години им помага на децата да проговорат, вели, за жал некои деца доаѓаат кога ќе тргнат на училиште.

Секуловска вели, проблемите со говорот се решаваат само ако навреме се детектираат.

Лекарите од советувалиштето за ран детски развој ги потврдуваат констатациите на педијатрите и логопедите. Велат, доцни говорот кај децата. Ги охрабруваат родителите технологијата да се остави настрана, телевизорот, телефоните, да се посветат повеќе на живиот говор.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски