Власта негира договор, опозицијата бара одговорност за бегството на Мијалков

22.02.2021 16:17

Премиерот тврди дека нема политички договор за бегството. ВМРО-ДПМНЕ со став- коалицијата меѓу Заеви и Мијалков стана вистина, треба одговорност. Шефот на државата бара брза реакција на институциите...

Премиерот  Заев очекува истрага за исчезнувањето на Мијалков  и расветлување на случајот. Вели- исто како и целиот наш народ, така и јас сум разочаран. Поабара институциите веднаш да постапат и да го пронајдат. Прашан дали бегството на Мијалков е политички договор, Заев со став-„нема политички договор, по ограбувањето на државата сме обезбедиле правен процес, кој оваа недела треба да заврши“.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат, коалицијата Заеви- Мијалков стана вистина. Според партијата, со Македонија владее криминална коалиција, која што ги руши основните вредности и системот на владеење на правото.

Се огласи и претседателот Стево Пендаровски. Ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

„Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција“- вели Пендаровски.

 

Игор Панов