Протеини во ќесички- да или не
Колку се здрави вештачките суплементи-протеини, кој, како и кога треба да ги користи? Тие имаат свои бенефити за изгледот, но дали организмот има повеќе корист или штета? Пред да се земат, потребни се стручни совети, релевантни информации и сознанија од истражувањата на експертите.

Пролетта е период кога поинтензивно се вежба за да се формира фино градено мускулесто тело. А покус пат за да се постигне тоа, меѓу другото е користење протеини во прав, во кесички. Колку се корисни или штетни ваквите вештачки додатоци на исхраната? Треба да се направи разлика од она што им треба на спортистите,од она што му е неопходно на телото на просечен човек..
Мислењата на наутриционистите за користење протеини во прав се поделени. Оние што се занимаваат со боди билдинг го поддржуваат затоа што брзо го дефинираат телото и ги структурираат мускулите. Но, бавењето со боди билдинг повеќе го поддржува атрактивниот мускулест изглед отколку здравиот начин на исхрана. Се форсираат вештачките протени од кесички, наместо природна исхрана. Но, колку се тие здрави и корисни и во кое количество.
Едно испитување на содржината на кесички со протеини покажало дека тоа што е внатре не одговара на напишаниот состав, па дури може да има состојки кои не се одобруваат од страна на лекарите.
Додатоците во исхраната служат за да се подобри силата , издржливоста, брзината, или да се зголеми мускулната маса за врвните спортисти. Ако се работи за спортисти тие може да користат протеини единствено под контрола на лекар по спортска медицина и нутриционист. За нив е дозволено затоа што поминуваат низ екстремни напори. Но, со претерано користење или поради незнаење, овие препарати можат да бидат и штетни. Со долготрајно користење се оштетуваат бубрезите, црниот дроб и тоа најмногу синтетичките суплементи, кои значително го оштетуваат организмот. Предизвикуваат и нус појави. Можни се тегоби при варењето на храната, надуеност. Ако се користат додатоци со високо количество аминокиселини, може да се појави зголемено растење на влакната, засилен непријатен мирис на потта и урината. За да се постигнат зголемени мускули и добар изглед, треба подолг период макотрпни тренинзи, и постојано консултирање со лекари и нутриционисти. Мора точно да се пресмета количеството на протеин според масата и тежината на телото инаку вишокот станува опасен. Затоа совет за тие што го користат внимателно со користењето протеини во прав.
Соња Стојановска
