„Економист“ прогнозира победа на ВМРО-ДПМНЕ и продолжување на економските реформи

18.03.2014 15:16

Коментирајќи ги условите за инвестирање, угледниот неделник вели дека политичкиот ризик во Македонија е на историски најниско ниво. Во 97-та сме биле на 80-то место, а сега на 61-то...

Угледниот британски весник „Економист“ излезе со нова анализа за земјава. Предвидува победа на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори, продолжување на економските реформи, кои треба да резултираат со зголемено ниво на на странски инвестиции.

„Слабоста на опозицијата укажува дека актуелните вршители на должноста ќе победат и на претседателските и на парламентарните избори. Коалицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и натаму е релативно популарна, па се очекува да остане сигурно на власт“, се вели во статијата на „Економист“ посветена на Македонија.

Коментирајќи ги условите за инвестирање, угледниот неделник вели дека политичкиот ризик во Македонија е на историски најниско ниво.  Во 97-та  сме биле на 80-то место, а  сега на 61-то.

Се оценуваат низа фактори клучни за политичката стабилност и ефикасност, што можат да влијаат на способностите на државата да го отплаќа долгот или евентуално да предизвика турболенции во економијата.

Подобрениот рејтинг на Македонија укажува дека ризикот по курсот, валутата и банкарскиот сектор во февруари годинава е на најниско ниво, откако се спроведува истражувањето, информација што е пренесена и на интернет - страницата на влијателниот „Блумберг“.