Русија: Санкциите од ЕУ ги деградираат билатералните односи
Шефовите на дипломатиите на земјите-членки постигнаа политички договор за воведување санкции за секој што е одговорен за затворањето на опозиционерскиот активист Алексеј Навални.

Руското МНР тврди дека најавените санкции од ЕУ за поединци вмешани во случајот „Навални“ се незаконски. Според официјална Москва, Брисел повторно ги деградирал билатералните односи со Русија чиишто власти најавија соодветен одговор за блокот.
Шефовите на дипломатиите на земјите-членки постигнаа политички договор за воведување санкции за секој што е одговорен за затворањето на опозиционерскиот активист Алексеј Навални.
ЕУ за прв пат ќе ја примени новата рамка за санкционирање усвоена во декември по примерот на американскиот закон „Магнички“.
Со неа се овозможува казнување на физички и правни лица во кој било дел од светот поради непочитување на човековите права.
