Државниот завод за статистика распиша конкурс за попишувачи и реонски инструктори
На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на земјава кои се невработени, имаат завршено најмалку средно образование и кои имаат компјутерски вештини.

Државниот завод за статистика го објави конкурсот за пријавување кандидати за реонски попишувачи и инструктори, кои во периодот од 1 до 21 април треба да ја спроведат статистичката операција.
На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на земјава кои се невработени, имаат завршено најмалку средно образование и кои имаат компјутерски вештини.
Пријавувањето се врши преку електронска апликација, достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. Во огласот стои целосна табела за тоа за кој реон по колку попишувачи се потребни.
Заводот ќе избере десет проценти повеќе од потребните за да има резерва. Во статистичката операција ќе учествуваат околу 6 илјади лица, 5 илјади попишувачи, околу 500 реонски инструктори и околу 200 државни инструктори и членови на комисии.
