Средба Османи - Ле Дријан во Париз
Министрите потпишаа три договори за основање на Француската агенција за развој во земјава, за систем за идентификација на балистичките проектили и за филмска копродукција.

„Франција е еден од главните мотори на Европската унија и силна европска земја и ние сме навистина благодарни што денес ја реафирмиравме поддршката за нашите европски интеграции. Овие пријателски пораки ни се потребни затоа што без разлика на предизвиците не сакаме да оставиме простор за разочараност“, истакна шефот на македонската дипломатија Османи по средбата со неговиот колега, Жан-Ив Ле Дриан во Париз.
Министрите потпишаа три договори за основање на Француската агенција за развој во земјава, за систем за идентификација на балистичките проектили и за филмска копродукција.
Дискутирано е и за сојузништвото во НАТО, реформската агенда на земјата, регионалните предизвици, со нагласка на европската перспектива на Северна Македонија.
